Вакцината за Ковид за 12 до 18 месеци? – „Да се придржуваме до правилата додека излезе вакцината“, вели Цана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите ја чекаме вакцината против вирусот Ковид-19. Но додека биде готова вакцината ние треба да се заштитиме и да имаме што помалку заразени, вели инфектологот Фадиљ Цана. Тој истакнува дека потребно е време додека излезе првата вакцина. Според него, тестирањето за вакцината треба да помине неколку фази и вообичаено тоа оди од 12 до 18 месеци.

„Овие фази не може да се направат брзо бидејќи се знае дека до апликацијата на здрав човек треба да поминат сите фази за кои теоретски е потребно време. Тоа што го реков не е само моја проценка, туку речиси на сите реномирани светски институции кои се занимаваат со истражување и откривање вакцини“, вели Фадиљ Цана.

Исто така инфектологот Цана упати апел до граѓаните а се придржуваат до правилата додека излезе првата вакцина. За вакцината вчера зборуваше и првиот човек на Здравство, Венко Филипче. Тој рече дека ублажувањето на мерките може да се случи на почетокот на мај, доколку се процени дека се е во ред да има ублажување на забраните, но додаде дека тоа би се одвивало постепено, и натаму одржувајќи физичко растојание.

Но, колку време е потребно Македонија како мала држава да може да обезбеди вакцина? Вицепремиерот Бујар Османи пред неколку дена во емисијата Клик Плус рече дека му предложил една идеја на министерот Филипче Северна Македонија за тоа како Северна Македонија може што побрзо да ја набави вакцината.

„Количините се ограничени. Големите држави не штедат средства за набавка и вие како мала држава имате тешкотија да стигнете на ред да ја набавите. Му препорачав и на министерот за здравство дека првата работа што треба да ја направиме е да се поврземе со големите држави, во моментот кога ќе излезе вакцината да можеме да ја набавиме заедно“, додава Бујар Османи.

До сега нема ништо конкретно за вакцината против Ковид-19. Но моќните држави се натпреваруваат која ќе биде прва да открие вакцина за спречување на коронавирусот кој го зафати цел свет и зема илјадници животи.