Ваква трагедија не се памети: Во напад на Иран загинаа 20 одбојкарки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во нападот на САД и Израел врз Иран, загинаа 20 одбојкарки.

Прво, иранскиот телевизиски канал „Ал Мајадин“ објави дека загинале 20 одбојкари, а подоцна беше потврдено и за другите. Според извештаите, има повеќе од 100 повредени.

Долго време се шпекулираше дали оваа вест е вистина, но потоа Меѓународната одбојкарска федерација ФИВБ одлучи да проговори и да изрази сочувство.

„Дваесет одбојкари загинаа како резултат на израелската агресија насочена кон спортската сала во градот Ламерд, во покраината Фарс“, соопшти споменатата телевизија.

Таа се повика на информации од локалните власти, додека претходно истиот ден Израел изврши напад врз спортска сала во градот Ламерд на југот на Иран, при што првично загинаа повеќе од 15 лица, вклучувајќи деца кои во тој момент биле во салата.

„ФИВБ е шокирана и крајно загрижена од извештаите дека неколку млади одбојкарки во Иран ги загубија животите поради влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот Исток и поширокиот регион. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и до сите погодени од оваа криза во развој“, се вели во соопштението, во кое се додава:

„Дополнително, десетици илјади членови на нашето големо одбојкарско семејство во регионот се раселени и се соочуваат со многу неизвесна иднина. Фокусот на ФИВБ сега е на обезбедување на безбедноста на сите одбојкари, тренери, тренерски персонал и волонтери кои се наоѓаат или живеат во регионот кој сега е зафатен од конфликтот. ФИВБ формираше специјална работна група за забрзување на оваа хуманитарна работа во реално време, во соработка со влади, невладини организации и други релевантни тела“, се наведува во соопштението и заклучува:

„ФИВБ цврсто верува во важноста на соработката, дијалогот, мирот и солидарноста. Во согласност со овие вредности, ФИВБ ја повикува меѓународната заедница да помогне во деескалацијата и наоѓањето мирно решение.“