Вардар се излеа кај Аеродром, дали има опасност?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Причината за излевањето согласно информациите од регионалниот центар за управување со кризи е поради зголемен испуст на вода од хидро електраната Матка со цел зголемено производство на електрична енергија. Водостојот на речното корито на Вардар бил зголемен па затоа и настанало излевањето.

По телефонска дојава синоќа од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во Општина Аеродром, кај мостот во градба лоциран до хотел „Русија“, нивото на реката Вардар е драстично покачено, веднаш биле контактирани одговорните лица на Град Скопје, Општина Аеродром, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување.


„Поради градежни зафати на мостот во изградба до хотел Русија, дојдено е до заезерување на реката Вардар. Водата е излезена надвор од речното корито и има поплавено дел од пешачката и велосипедска патека. Поплавата може да биде до ПИОМ, при што апелираме граѓаните да не ја користат оваа делница“, вели Ангелов.

По пријавите во државните институции дека Вардар во Аеродром е во критична фаза и се заканува негово излевање, доцна синоќа градоначалничката на Скопје Данела Арсовска заедно со командирот на пожарната служба беа да ја увидат ситуацијата и нејзината алармантност.


Повикан е изведувачот при што наложено и е на фирмата која изведува градежни активности на тој потег, која има обврска да го одржува коритото каде што гради, да ја следи состојбата на терен и да превземе мерки. Заедно со екипи на градот Скопје е поставено ноќно дежурство, со цел следење на состојбата со речното корито, вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.


„Може да се направи канал или пробивање низ самиот насип кој ја попречува водата и ќе може да истекува.Не постои опасност од излевање на реката Вардар во околните згради во општина Аеродром туку постои опасност од заезерување на овој дел од речното корито што може да поплави 10тици илио 100-тина метри и да предизвика штета на велосипедската патека и пешачката патека“, вели Ангелов.

Во координација со Електрани, Ангелов вели дека не постои опасност за зголемување на водостојот на Вардар. Единствена опасност според него е зголемувањето на врнежите, но во тој случај градежната компанија има обврска да го отстрани насипот за што се потребни 30-тина минути.