Претседателот на Европската комисија, Антонио Кошта, им се обрати на граѓаните на Северна Македонија на Денот на Европа преку видео порака. Во својата порака, Коста нагласува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија.
Тој понатаму нагласува дека се работи многу за членството на Северна Македонија во ЕУ да стане реалност.
„Европските институции веруваат дека иднината на земјата е во Европската унија, и се вложува голем труд за таа визија да стане реалност. Вашата земја е кандидат за членство на Европската унија веќе многу години, и време е да се направи чекор напред. Заедно ќе изградиме подобра европска иднина“, изјави Кошта.
