Новинарот Боико Василев во емисијата Клик Плус, посочи дека бугарската влада била категорична во својата позиција и немало да има напредок во преговорите.
„Беше очекувано тоа што новиот Бугарски премиер Јанев го кажа, а имено нема да може да има промени во бугарската позиција, прво тоа е привремена влада, второ нема парламен и трето има позиција на бугарскиот парламент од 2019 година и од таа гледна точка, имајќи ги во предвид сите овие работи премиерот Јанев беше категоричен дека Бугарија не може да ја промени својата позиција.
Но тоа што тој го кажа, е дека може да има формални и неформални разговори помеѓу двете држави како во однос на патоказот, така и разговорите кои што сите ги очекуваме помеѓу претседателите Радев и Пендаровски во Рим. Тоа се знаци на добра воља, но тука непредок не може да има, ниту може да има промена во бугарската позиција, кое што покажува дека не беа во право сите оние во Скопје, кои очекува дека по изборите во Бугарија може да има промена во бугарската позиција брзо и дека меѓународниот …, што вие го нарековте притисок, или обидот за меѓународно посредништво преку португалското претседателство може да резултира со таков напредок. Не таков напредок нема да има и нема како да има“, посочи Василев во емисијата Клик Плус.
