Бугарскиот новинар Боико Василев, вечерва беше гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Василев не се сложува со ставовите на поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за Тито, и дека Софија не ги разбира последните 50-60 години од историјата на Северна Македонија.
„Софија не разбира нешто друго, не ги разбира последните години од историјата на денешна Северна Македонија, зборувам за последните 50-60 години. На пример Софија не сфати дека во очите на многу луѓе во Северна Македонија и во очите на Европа, Јосип Броз – Тито не е злосторникот кој тие го гледаат во него и кога зборуваш дека некои нешта треба да бидат отсранети и да се заборави Тито, Тито да биде отфрлен, да биде негиран, целиот тој дел од историјата на Република Северна Македонија поврзана со Тито да биде пречкртана, тие луѓе во Софија не ја разбираат комплексноста на тоа кое другите, од другата страна на Деве Баир го разбираат и чувствуваат во однос на Тито.
Има достигнувања врз кој ние можевме да зачекориме и да ги градиме. На прво место да се сетиме за 1999 година за одличната соработка и декларацијата тогаш, помеѓу двете Влади, тоа кое го направија Љубчо Георгиевски и Иван Костов. Да се вратиме како што рече господинот Ќучјук и во 2017, кога Зоран Заев и тогашното бугарско раководство беа на еден ум, со едно размислување и да видиме што направија некои луѓе во Скопје тогаш. Тие мислеа дека можат да го решат прашањето со европското членство на Македонија, на Северна Македонија без да се договорат со Бугарија, а Бугарија да биде притисната од надвор, дали преку германското претседателство, дали преку другите во Европската Унија, дали преку експертските групи кои што разбираат кој е Тито, ветераните од Југословенските војни, тие одлучија, тие го донесоа тоа решение и тоа решение ја поткопа довербата меѓу двете држави, оттука започна проблемот“, рече Василев.
