Ивана Василевска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција истакна дека оваа власт не смее да дозволи да се избрише историјата како предмет, и истата дса служи како производ на сервилни политики на Заев.
„Бришењето на историјата како училишен предмет се води во исто време со квислиншките политики на оваа владејачка гарнитура. Отстапките и сервилноста на Зоран Заев пред барањата на нашиот источен сосед за бришење на македонскиот јазик, бришење на македонската посебност и културниот историски континуитет, се продлабочуваат со информациите кои пристигаат дека Зоран Заев подготвува замена на членовите на комисијата за историски прашања, со цел поставување негови политички поддржувачи кои што ќе прифатат политичко наместо научно решение. Со други зборови, Заев според информациите се подготвува да ги смени историчарите и да постави политички полтрони заради неговата цел – завршување на проектот воден со предавнички политики!
Тргањето на историјата од основното образование, се случува истовремено кога сиот народ прашува што содржи понудата напишана од Заев до Софија? Заев ја крие содржината на нонпејперот, која што не би можела да биде подалеку од содржината на скандалозното интервју дадено за бугарски медиум.“, рече Василевска.
