Вчера прегледани 73 пациенти во Гостивар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во јавните здравствени установи во Гостивар во текот на вчерашниот ден биле прегледани вкупно 73 пациенти кои побарале медицинска помош.

Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ се евидентирани 45 нови прегледи. Од нив, 26 пациенти биле прегледани на Инфективното одделение, при што две лица биле задржани на болничко лекување, додека на Педијатрија биле извршени 18 прегледи.

Во моментов, на Инфективното одделение се хоспитализирани двајца пациенти, а уште двајца се лекуваат на Одделението за педијатрија.

Во дежурната служба на Здравствениот дом во Гостивар, пак, во изминатото деноноќие биле регистрирани уште 28 прегледи.