-Времето се наближува. Македонија вечерва на овој стадион на Олимпико во Рим се соочува со Италија. Капитенот Енис Барди рече дека ќе играат за да се гордеат нашите семејства, а Елиф Елмас рече дека не му е важно врз кого е притисокот. Ќе бидат сконцентрирани да извлечат позитивен резултат од овој натпревар-вели репортерот на ТВ21 Артан Нихиу од Рим.
-Ова е многу важен натпревар. Иако притисокот е врз Италија, и ние треба да сме под притисок, бидејќи се подготвуваме за нешто многу големо и верувам дека во наредните години со овој нов тим, бидејќи имаме многу млади играчи во репрезентацијата, верувам дека мора да се подготвиме за големи успешни резултати кои ги заслужува оваа репрезентација“, вели Барди.
Македонските фудбалери го испробаа римскиот стадион и опуштено го чекаат вечерашниот натпревар. Од друга страна, Италија е во паника кога игра со Македонија. Во последните два меча Македонија победи еднаш, а другиот меч во Скопје по голот на Барди заврши нерешено.
-Очекуваме победа и голема поддршка од навивачите на Олимпико. Имаме лоши спомени со Македонија. Но, ние веруваме дека ќе победиме. Знаеме дека ќе биде тешко бидејќи тие се тешки противници и не смееме да ги потцениме-изјави Киеза.
За жал, Трајковски, кој даде гол во натпреварот во Палермо, нема да игра поради повреда, но Македонија има други опции. Македонските фудбалери ќе го завршат европскиот квалификациски циклус, но тешко дека ќе обезбедат пласман на ЕУРО 2024, откако освоија седум бода од шест натпревари и се на претпоследното место во групата Ц.
Натпреварот Италија – Северна Македонија се игра вечерва од 20:45 часот.
Од Рим за ТВ21 Артан Нухиу