Вечерва на Мундијалот: На полноќ светскиот првак Аргентина тргнува кон одбрана на трофејот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актуелниот светски првак Аргентина, вечерва на полноќ го стартува својот пат кон ново финале, со дуел против Зленортските острови. Аргентинците важат за огромен фаворит во дуелот со малата селекција, која дебитира на Мундијалите, и успеа да остане непоразена во првите три меча во групата.

Се освен победа на Аргентина ќе биде неуспех, а голем успех за Зеленортските острови.

Денешната програма почнува од 20:00 часот кога играат Австралија – Египет. Потоа во 3:30 часот Колумбија ќе се сретне со Гана, со што се затвораат 1/16 финалните натпревари.

Утревечер во 19:00 часот почнуваат разврските за пласман во 1/4 финалето, во кои Канада ќе игра против Мароко, додека Парагвај ќе вкрсти со Франција.