Португалија против Шпанија вечерва од 21:00 часот во можеби најинтересната 1/8 финална пресметка на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Двете селекции важеа за едни од фаворитите пред почетокот на ова Светско првенство, и за жал една од овие две селекции ќе мора да си замине предвреме.
Португалија на патот кон 1/8 финалето ја елиминираше селекцијата на Хрватска со 2-1 во контроверзен натпревар, додека Шпанија со 3-0 ја победи Австрија.
Може ли Кристијано Роналдо да се збогува од Мундијалите со пехарот на крајот? На патот им стои Шпанија, можеби најсериозен кандидат заедно со Франција за пласман во финалето од левата страна на костурот.
Во 2 часот по полноќ играат САД и Белгија. Токму победниците од дуелот Португалија – Шпанија и САД – Белгија потоа се среќаваат меѓусебно во 1/4 финалето. До сега се познати два четвртфинални парови. Франција ќе игра против Мароко, додека Норвешка ќе вкрсти со Англија.
