Владата попладне со почеток во 17 часот ќе одржи седница.
За заклучоците од седницата на Владата која заседава за одлуки и мерки поврзани со состојбата со коронавирусот ќе биде објавено соопштение.
Директорот на Царината Ѓоко Танасоски денеска најави дека на предлог на Царината и Министерството за економија Владата ќе донесе одлука за автономни мерки за ослободување од плаќање царина на суровини и материјали и опрема за медицински цели. Од плаќање царина треба да бидат ослободени средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема.
Останува да се види дали Владата ќе донесе уште некои нови мерки.
Од вчера на територијата на целата земја почна полициски час кој трае од 21 до 06 часот.
