Вечерва паѓа цената на дизелот, од утре основните прехранбени производи ќе се продаваат со 0% ДДВ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Над 5 денари се очекува да се намали цената на дизелот вечерва по полноќ, а ќе се намали и цената на бензинот.

„И вечерва очекуваме дополнително намалување, имајќи ги в предвид котациите на последните 5 дена и најверојатно намалувањето согласно анализите кои се прават во секторот за енергетика во министерство за економија и крајниот збор секако дека ќе го има Регулаторна комисија за енергетика, би требало да биде за дизелот над 5 денари“, вели Крешник Бектеши министер за економија.

Од утре според министерот исто така цената на основните прехранбени производи ќе се продаваат со 0% ДДВ.

„Утре веќе би требало да има целосно намалување на делот на ДДВ-то за основните прехранбени производи, затоа би сакал да ги повикам и граѓаните да купуваат со фискални сметки заради тоа што таму може да видат дали трговците или пак маркетите ја применуваат мерката“, рече Бектеши.

Министерот вели дека државата прави се што е можно но додаде дека самите трговци треба да бидат солидарни и коректни во текот на формирањето на цените со цел товарот на кризата да не падне врз грбот на граѓаните.