Вечерва во „Click Plus“ отворено разговараме за ЛГБТ заедницата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 со Борјан Јовановски дебатираме за ЛГБТ заедницата.

Во фокусот ќе бидат прашањата за тоа како родителот може да му помогне на своето ЛГБТ дете, како се однесуваат пријателите и роднините кон нив, и дали тие се отфрлени или прифатени од заедницата.

На оваа тема, гости во студиото се Славица Гајдаѕис Кнежевиќ и Мирјана Фотевска, кои ќе разговараат отворено за тоа како е да се биде родител на ЛГБТ дете.

Следете не од 21:30 часот во живо на ТВ21 и на Фејсбук страницата на ТВ21.