Веќе четири лица заразени со коронавирус во Бугарија, меѓу нив и медицинска сестра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако синоќа беа потврдени два случаи на коронавирус во соседна Бугарија, утринава од министерството за здравство беа потврдени уште два нови случаи.

Едната од нив е медицинска сестра која била во контакт со 75-годишната пациентка за која вчера беше објавено дека е позитивна на вирусот.

Исто така вториот заразен од денеска е пациент од болницата од каде била медицинската сестра.

Бугарија веќе ги превзеде сите активности околу тестирања за сите оние кои биле во контакт со заразените.

Премиерот Бојко Борисов истакна дека во моментов Бугарија располага со 3.000 тестови, и плус треба во следните часови, денови да пристигнат уште 4.000, што ќе биде доволно.