Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски истакна дека не се чувствува виновен по обвинението, и дека ќе го докаже тоа. Тој коментираше дека ова е класичен политички прогон за да се влијае врз пратениците за уставните измени.
„Го разбрав обвинението, но разбрав дека обвинителството дека нема докази, и дека ова е класичен политички прогон по нарачка на функционерите од извршната власт, со цел да се влијае врз пратениците за уставните измени. За сево ова има докази, а во најскоро време и јавноста ќе ги дознае.
Не се чувствувам ни најмалку виновен“, рече Вељаноски.
