Муслиманските и православните верници празниците Бајрам и Велигден ќе можат да ги прослават слободно без да брзаат поради полициски час, бидејќи министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани изјавија дека за овие два празника нема да има полициски час.
Со укинувањето на полицискиот час, муслиманските верници ќе можат да отидат во џамија да се клањаат.
„Верските празници кои доаѓаат треба да бидат во духот на почитувањето на мерките и ги замолувам сите граѓани да ги почитуваат мерките, да држат дистанца, да не се групираат“, рече Илир Хасани, заменик министер за здравство.
Комисијата за заразни болести предложила и други олеснителни мерки по 27 април.
Да се отворат рестораните, но да работат само на отворениот дел или терасите и да се скрати полицискиот час, истиот да почнува во 21 часот и да завршува во 5 часот утрото следниот ден и’ предложила Комисијата за заразни болести на Владата која утре треба да донесе одлука за овие мерки.
Олеснувањете на рестриктивните мерки следи поради продолжување на надолниот тренд на нови случаи со Ковид 19 и хоспитализирани пациенти. Предлозите ќе стапат на сила откако Владата ќе донесе одлука.
