Велика Британија денеска потврди дека бројот на жртви од коронавирусот надмина 20 илјади лица, со што земјата се најде на петтото место по бројот на починати од Ковид-19.
Владата соопшти дека во последните 24 часа како последици од коронавирусот починале 813 лица, со што е најголемата бројка. Бројот на починати порасна на 20.319, но се смета дека билансот е поголем, затоа што во овој број не влегуваат жртвите од домовите за стари лица, за кои се смета дека се неколку илјади.
Пред Велика Британија, земји со повеќе жртви се САД, Италија, Шпанија и Франција.
