Велковски: 32.000 семејства примаат социјална помош – потенцијал за работна сила има, но треба репрограмирање на системот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проблемите со исплатите на социјалната помош за кое имаше големи реакции во јавноста, беше неколку дена и тие се вообичаени секој месец, ова во интервју за Радио Слободна Европа го истакна заменик министерот за социјална политика Ѓоко Велковски. Тој зборуваше и во однос на дупката во пензискиот фонд, рече дека проблемот е во тоа што бројот на пензионерите е многу близок со оној на вработените, а голем дел од граѓаните не сакаат да работат а примаат социјална заштита и поради тоа е потребно репрограмирање на системот.

„Во системот на социјална заштита денес имаме 32 илјади семејства кои што користат гарантирана минимална помош. Тоа значи семејства каде што имаме баба, дедо, татко, мајка, ќерка, син кои што најголем дел тие се полнолетни и работоспособни како граѓани. Така да потенцијал од каде можеме да користиме работна сила имаме, сметам дека до овој момент во доволен број меѓутоа треба да го репрограмираме буквално системот“, рече Велковски.