Спасувачки тим од повеќе држави извлекоа маж од урнатините во Венецуела во чудесна операција 8 дена по разорните земјотреси што ја погодија земјата. 44-годишниот маж останал заробен 9 метри под урнатините на паркинг во трговски центар во Ла Гваира, а денеска беше ослободен како дел од повеќедневната спасителна акција на локалните и меѓународните спасувачки екипи.
Сопругата на спасениот маж, за Си-Ен-Ен изјави декака ѝ било многу тешко по земјотресот, бидејќи мислела дека нејзиниот сопруг можеби е мртов.
Снимките го покажуваат моментот кога спасувачите првпат воспоставуваата визуелен контакт со мажот, кој работел како обезбедувач во трговскиот центар.
Контактот е остварен со помош на камера за пребарување вметната во урнатиот подрум на зградата.
