„Вербата во институциите е висока од страна на населението“, вели докторката Кочоска-Мараш

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Шведска се реши за таа форма на борба со вирусот со препораки, без да имаме мерки на ограничена слобода“, истакна во ексклузивното интервју за ТВ21 докторката Лилјана Кочоска-Мараш од Шведска.

Таа посочува дека вербата во институциите е висока од страна на населението, а однесувањето на политичките претставници, како и здравствените институции е многу одговорно и совесно.

„Луѓето ги почитуваат мерките за самоизолација, препораките за лична хигиена, препораките да не се посетуваат постарите особи“, вели Кочоска-Мараш.

Таа се осврна и кон тоа дали Шведска успеала во намалувањето на бројот на заразените.

„Што се однесува до делот дали Шведска успеала во намалувањето на бројот на заразени, ние тоа допрва треба да го видиме“, порача Кочоска-Мараш.

Лилјана Кочоска-Мараш е доктор по медицински науки, специјалист на гинекологија и акушерство, а работи како висок медицински советник на клиниката Ултрајин Софијахемед во Стокхолм.