Во голем верижен судир на триесетина возила на автопатот Нови Сад – Белград, што се случил утринава загина едно лице а неколкумина се повредени, јавува Радио-телевизија Војводина (РТВ).
До судирот дошло на околу километар од наплатната рампа „Стара Пазова“ во правец кон Белград поради, како што јави репортерот на РТВ, магла и слаба видливост на тој дел од автопатот.
Сообраќајот е целосно во прекин од правец на Нови Сад и пренасочен кај Инџија на стариот пат, па се создал голем сообраќаен метеж во местото Стара Пазова.
