Верници со свеќи излезени на тераса го дочекаа Христовото воскресение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради полицискиот час кој е на сила, верниците излегоа на своите тераси и со свеќи го дочекаа Воскресението Христово

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.