Претставникот од Движењето Беса, во вечерашниот магазин „EU Click“ на ТВ21 рече неслучајно ЕУ неколку пати давала негативно мислење за Македонија.
„Ова е предизвик за човештвото, а што се однесува до добивање датум за старт на преговорите со ЕУ, реално тоа е заслуга на сите политички касти во Република Северна Македонија, каде и Движењето Беса даде апсолутен придонес и се сложивме дека ова се задачите кои ги презема и внимателно треба да се спроведат, бидејќи неслучајно ЕУ неколкупати даде негативна оценка и нѐ искара за незавршените домашни задачи. Овојпат не треба да ја изгубиме можноста. Треба да се работи, треба да дадеме пример дека ние утре ќе бидеме рамноправна членка на ЕУ. Би сакал да додадам дека реално заслугите се на целиот народ и на сите политички касти во земјата. И сега потребно е поголемо внимание во однос на чекори кои ќе бидат преземени од политичките субјекти“, рече во „EU Click“, доктор Едмонд Весели од Движењето Беса.
