Вештачката интелигенција создава нова класа милијардери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Компанијата „Кинг Слајд Воркс Ко“ започнала со работа во 1980-тите години, произведувајќи рачки за мебел и лизгачки механизми за фиоки. Денес, компанијата е меѓу оние кои неочекувано остваруваат сè поголеми приходи од развојот на вештачката интелигенција, создавајќи и нова класа милијардери.

Како што пренесува „Блумберг“, компанијата остварува значителна заработка од производство на шини за сервери кои се користат во дата-центрите.

„Кинг Слајд“, основана во 1986 година, во почетокот на 2000-тите години го пренасочила своето производство од хардвер за мебел кон комплети шини за сервери.