Весна Дамева се врати на чело на Судски совет – по одлуката на Управен, Георгиев даде оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Весна Дамева повторно е на чело на Судскиот совет. Ова следува по одлуката на Управниот суд во која се вели дека нејзиното разрешување на 4 мај минатата година било незаконско и не се почитувале законските процедури. По тричасовното разгледување на оваа пресуда, Судскиот совет свика итна седница на која актуелниот претседател Сашко Георгиев поднесе оставка.

Досегашниот претседател, Сашко Георгиев, уверува дека не дозволил да има никакво влијание или притисок врз неговата работа.

А откако се врати на фотелјата, Дамева се надева дека денешната одлука е почеток на враќањето на довербата на граѓаните во судството.

Дамева не очекува опструкции од колегите во понатамошното работење на Советот.

Инаку Управен суд го оспори разрешувањето додавајќи дека е незаконско и дека не се почитувале законските процедури.