Не сме научени често да гледаме вести на отворено, односно во природа. Веќе неколку дена новинарите на регионалната телевизијата Вис, вестите ги емитуваат на отворено, бидејќи пред неколку дена во пожар уништени се нивните студија и техниката. Пожарот бил активен неколку часа.
Димитар Мицев, сопственик на телевизијата, раскажа како тој и неговите вработени го доживеале тоа.
Но, тимот на телевизијата Вис и покрај ова состојба, продолжува со работа со цел да ги информираат нивните гледачи во овие тешки времиња, кога целиот свет, па и Македонија се соочува со пандемијата од Ковид-19.
Мицев рече се обидуваат навреме да ги информираат граѓаните преку Јутуб каналот, Фејсбук и нивниот интернет портал.
Мицев рече дека состојбата со коронавирусот дополнително ја отежнала нивната работа.
Телевизијата Вис го покрива југоисточниот дел од државата, односно градовите Гевгелија, Валандово, Дојран, Струмица, Радовиш, Богданци.
