Ветен во 2009 година, но сѐ уште е затворен – домот на Дерала никако да се претвори во музеј

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Конзервирањето е почнато во 2016 година за да се претвори во музеј, но се уште безуспешно. Домот на Халим Дерала во Тетово се уште чека на средствата од Министерството за култура за да заврши целосната реконструкција“, вели репортерот на ТВ21.

Иако најголемиот дел од работите се завршени, куќата се уште останува затворена за граѓаните.

Од Министерството за култура велат дека годинава се издвоени 2,5 милиони денари за завршување на конзервацијата.

„Во текот на 2023 година ќе се направи: конзервација и реставрација, санација и ревитализација на „Куќата на Халим Бег“ во Тетово, како завршна фаза од овој проект. За оваа цел се издвоени средства во износ од 2.500.000 денари, обезбедени од Буџетот на Министерството за култура во Годишната програма за надлежната установа Национален конзерваторски центар – Скопје. Со финалната реализација на конзерваторско – реставраторските работи на објектот ќе може да се утврди неговата намена како објект со функционална намена од областа на културата“, вели Министерството за култура.

Иницијативата за претворање на куќата на Халим Бег Дерала во музеј датира од 2009 година, а тоа беше и предизборно ветување во тоа време.

Но, кој беше Халим Дерала?

Тој беше најстариот син на Мехмет Паша Дерала. Генерал на османлиската армија кој ја напуштил оваа гарда за да им се придружи на албанските патриоти. Во 1912 година бил избран за воен министер во Владата на Исмаил Ќемали. Додека неговиот татко Хасан Дерала бил делегат на Тетово во Призренската лига во 1878 г.

Куќата на Халим бег има своја посебна историја, како по архитектонски стил, така и по историско значење, што зборува за времето кога Халим бег бил пратеник на Тетово во Собранието на Белград.

Оваа куќа долго време служеше како болница, додека до денес неколку пати беше ветено дека оваа зграда ќе биде музеј на семејството Дерала а особено на Мемет Паша Дерала, но и до ден денес оваа куќа е недовршена.