На почеток се сретнаа во просториите на општина Тетово.
По оваа средба, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и првиот вицепремиер Изет Меџити заедно отидоа кај булеварот Видое Смилески Бато кој се уште се реконструира.
Првиот човек на Тетово вети дека овој дел од 600 метри ќе биде готов на пролет. Се поврзува со обиколницата на Тетово и една улица која излегува кај селото Порој.
-Тоа е сегмент од булеварот, потоа тој сегмент ќе продолжи во две крила, едното крило ќе се поврзува на обиколницата Требош-Јажинце, а другото крило ќе продолжи кон Порој. Од моментот на затоплување на времето ќе се работи на еден сегмент од булеварот „Видое Смилевски Бато“ или индустрискиот пат, а веруваме дека условите ни ветуваат дека до март-април и овде ќе се асфалтира коловозот-рече Касами.
Од тука вицепремиерот и министер за животна средина Меџити вети проекти за Тетово од ресорот со кој раководи за 2025 година.
-Реконструкција на водоводот во село Порој од 25 милиони денари, недовршената ограда на реката Пена во недовршениот дел, од 9 милиони денари. Исто така, од инвестициските фондови на Светска банка се планира во 2025 година да започне реализацијата на проектот за реконструкција на водоводниот цевковод на град Тетово, вреден 64 милиони денари-изјави Меџити.
Меџити потсети и дека од програмата за искористување на капиталните средства во областа на животната средина и просторното планирање во 2024 година, на општина Тетово и се издвоени средства и се очекува да склучи договор со најповолниот снабдувач, како и реконструкција и проширување на мрежата во населбата Вонвардарска, во вредност од 15 милиони денари.
