Ветено асфалтирање на улицата во Луковица – 15 милиони денари не се доволни за 6 километри пат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Конечно и селото Луковица во Желино ќе добие асфалтирана улица. Министерството за транспорт и врски издвоило 15 милиони денари за оваа улица но овие средства не се доволни за асфалтирање на теренот. Според градоначалникот на општината, Блерим Сејдиу, со овие пари ќе се асфалтира само дел бидејќи улицата е долга 6 км, а овие средства не се доволни.

-Ние имавме уште еден проект за селото Луковица, и од владата, односно Министерството ни префрлија 15 милиони денари за оваа улица но со овие средства ќе реализираме една фаза бидејќи проектот е поголем, станува збор за 6км-рече Сејдиу.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски се пофали дека владата ги слуша граѓаните, затоа реагирала брзо.

ТВ21 пред две години го посети ова село, кое тогаш броеше само 20 жители, кои рекоа дека многу жители го напуштиле селото поради немањето асфалтиран пат.