Ќе облечам и железни опинци но просечната плата ќе направам да биде 500 евра. Вака Заев и вети на една мајка кога беше премиер пред претседателските избори во 2019.
Заев инсистираше просечната плата да достигне 500 евра не само во јавниот сектор туку и во приватниот. За ова тој на бизнисмените им ги плати и придонесите.
Но иако ова беше едно од главните ветувања со кое тој го доби мандатот за влада, повторно не го оствари. Дали му е жал што не го исполни ова ветување, Заев за ТВ21 одговори:
„Затоа што ветувањето беше за 4 годишен мандат. Јас бев претседател на Влада 2 години и 7 месеци, а после тоа настапи техничка влада. Успеавме просечната плата да ја зголемиме на 27.540 денари во јануари 2020 година. Во 2017 март просечната плата беше 22.445 денари. За 2 години и 7 месеци имавме зголемување за 5.100 денари на просечната плата. Затоа тврдиме дека за 4 годишен мандат можевме да стигнеме до 30.000 денари просечна плата како што ветивме. Значи за 2 години и 7 месеци ако сме успеале да ја зголемиме за 5.100 денари за останатите 2 години и 5 месеци ќе можевме да ја зголемиме за уште 2.460 денари (30.000 – 27.540) за да стигнеме до 30.000 денари“, истакна Зоран Заев.
Но и доколку имаше Заев целосен мандат, ветувањето од 500 евра за просечна плата беше далеку од реалноста. За тоа го предупредија економистите, но ПР службите тоа го ставија во изборната програма, потсетува денеска екс советникот на министерот за финансии, Драган Тевдовски, Бранимир Јовановиќ во свое излагање за ТВ21.
За тоа, Јовановиќ со прашање до политичарите кога ќе ги исполнат предизборните ветувања:
На Заев му заврши мандатот и од граѓаните ќе го бара гласот за нов мандат, но просечната плата во моментов според податоците од ДЗС изнесува 26.422 денари.
