Ветија фер и демократски избори – кандидатите во Желино си подадоа рака

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ден пред почеток на изборната кампања во Желино беше потпишан кодекс меѓу кандидатите за  праведна и етичка кампања. Тројца од четворицата кандидати си подадоа рака и си посакаа успех ветувајќи дека ќе се заземат за фер и демократски избори. Тие велат дека граѓаните се тие кои ќе одлучат кој ќе ја води општината.

„Јас ви гарантирам дека  мојот ангажман и на мојот тим како и ДУИ, ќе биде во правец,бидејќи ова е натпревар, да покажеме цивилизираност и вистинска демократија“, истакна Фатмир Изаири.

„Нормално во фер избори каде треба да се придржуваме до начелото на демократијата, кое верувам сите го посакуваме и сите ќе го поддржиме и од овде си подадовме рака еден на друг и си посакавме успех на овие локални избори“, посочи Блерим Сејдиу.

„На сите кандидати на изборите на 17 октомври им посакувам успех и очекуваме во иднина граѓаните да бидат тие кои ќе го дадат гласот  за оној кандидат за кого сметаат дека е   достоен за да раководи со општината“, вели Мехдин Назифи.

На потпишувањето на кодексот за фер и демократски избори отсуствуваше кандидатот на АА-ААА кој беше на пат надвор од земјава.