Ветото очекувано, но надеж има – Заев и Каракачанов се договорија за ракија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По безмалку две неделенен молк на вицепремиерот на Бугарија Красимир Краракачанов остана на истите ставови, но со премиерот Заев барем онлајн се договорија да се видат на чашка ракија.

Заев во  интервју  на Канал 77 изјави дека се надева на престрт во спорот меѓу Македонија и Бугарија, и дека до крајот на овој месец нема да има вето од нивна страна. Но Заев притоа потенцирапе дека за овој развој на настаните имал навестување уште пред една година.

Бугарија не стави вето, туку постави критириуми според кои треба да се спроведе првата меѓувладина конференција вели Каракачанов.

Инаку вчера пропадна уште еден обид македонските и бугарските историчари да се приближат во ставовите и да постигнат договор околу клучните прашања, околу кои се спори со месеци. Членовите на Комисијата се судрија околу придавката „македонски“, но и околу цар Самоил, па недоразбирањата ескалираа до тој степен, што и македонските и бугарските историчари одбиваат да ги потпишат записниците за состаноците. По последната средба на комисијата, се чини двете страни се уште подалеку од постигнување на компромисни решенија.