Беше ветено дека ќе се реконструира во текот на 2019, но салата Партизан во Чаир се уште е руинирана и полна со ѓубре.
Последен пат ветување даде градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој рече дека реконструкцијата ќе почне во првиот квартал од 2020. Првиот квартал помина, а на терен никаков знак дека работите се започнати.
По 4 месеци, Шилегов вели дека идејниот проект е подготвен и дека истиот треба да се усогласи во Општина Чаир, но овој пат не кажа датум за почеток на работите.
Од општина Чаир известија дека идејното решение е исполнето со предлози од нивна страна и истите се доставени до Град Скопје од каде треба да ги разгледаат. Потоа Град Скопје треба да отвори јавен повик за избор на економски оператор.
За реконструкцијата да биде возможна на терен, Град Скопје и општина Чаир изработуваат детален урбанистички план во близина на Партизан. Реконструкцијата на оваа сала е дел од “договорот“ на Ганиу кој беше потпишан со граѓаните пред локалните избори во 2018 година.
