Ветување пред избори, разочарување потоа: Патот во Мерово сѐ уште го чека асфалтот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реконструкцијата на овој пат започна еден месец пред локалните избори. Во тоа време, на жителите на селото Мерово им било ветено дека патот брзо ќе се уреди, но по завршувањето на изборите, ништо од ветувањето. Жителите изразуваат револт поради неисполнетото ветување од страна на градоначалникот Блерим Сејдиу. Велат дека им се оштетуваат возилата и значително им се отежнува движењето кон градовите.

– Патот е катастрофа. И самите гледате во каква состојба е. Не знам што да кажам, дојдовте и видовте. Патот е катастрофа. Веќе 4–5 месеци или повеќе е во оваа состојба.
– Патот е катастрофа. Од 15 октомври е раскопан! Ветувањето беше дека пред локалните избори ќе се направи, но не се направи. Се вели дека работите започнале пред три дена, но ние не гледаме никакви активности.Го слушнавме градоначалникот во дебата на ТВ21 како вели дека почнале пред три дена, но нема никакви работи. Само еден багер стои таму поради одрон на земја.
– Како што кажа и сограѓанинот, ни се оштетуваат возилата на сите.
– Сите автомобили што поминуваат по тој пат се расипуваат. Веќе 4–5 месеци е во мизерна состојба. Ни треба пат и водовод.

Градоначалникот на Желино Блерим Сејдуи признава дека не го исполнил ветувањето кон жителите на Мерово, но вели дека доцнењето е резултат на лошото време и мразот, што го оневозможиле асфалтирањето. Според Сејдиу, до крајот на март патот ќе биде целосно завршен и нема да има дополнителни одложувања.

– Патот се работи, веќе три дена сме започнати. Имаше лоши услови што го оневозможија пораното интервенирање. Кажав дека ќе го направам порано, не велам дека не сум го кажал тоа. Временските услови беа такви и јас немам влијание врз тоа. Но одговорно тврдам пред вашите камери и пред гледачите дека патот ќе биде асфалтиран до крајот на третиот месец“, изјави Сејдиу.

Овој пат, покрај жителите на Мерово, го користат и жителите на селото Саларево. Неодамнешното лизгање на земјиштето дополнително го направи патот опасен за минувачите.