ВИДЕО: 100 луѓе евакуирани по пожар во станбена кула во Буенос Аирес 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 100 луѓе се евакуирани, а на околу 30 им е даден кислород по пожарот што денеска избувна во 50-катна станбена кула во центарот на Буенос Аирес, соопшти аргентинската служба за итни случаи.

„Евакуиравме 100 луѓе и згриживме триесетина“, главно поради вдишување чад, соопшти итната помош, додавајќи дека три лица се префрлени во болница.

Пожарот избувнал на 10-тиот кат од кулата, која се наоѓа во модерен кварт на комерцијални и станбени згради во близина на центарот на Буенос Аирес.

Според очевидци потеклото на пожарот е поврзано со системот за климатизација, што не е потврдено од официјални извори.