ВИДЕО: Американски и грчки борбени авиони го прелетаа Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Два американски бомбардери Б-1, придружени од 4 ловци Ф-16, денеска прелетаа над Скопје за да го честитаат македонското членство во НАТО.

Бомбардерите полетале од Јужна Дакота, САД, на 30-часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух.

Како нова членка на НАТО, Република Северна Македонија е опфатена и со програмата за воздушно патролирање која е ексклузивна само за членките на Алијансата и чија цел е заштита на небото на државите од НАТО.