На социјалните мрежи кружи видео од лице, вработено како анестезиолог на Гинекологија во тетовската болница, во живо на Тик Ток снимал жени – пациентки во една од салите.
ТВ21 го верификуваше видеото и потврдено е дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде се прекинува бременоста.
Случајот не бил пријавен во полиција, но директорот на одделението откако дознал за случајот се упатил во Секторот за внатрешни работи за да го пријави.
Став побаравме и од МВР, но оттаму рекоа дека без демонстрација и до „документирање на случајот“ не можат да излезат со став за казнените мерки.
ТВ21 му испрати порака и на лицето кое го снимаше ова видео, но тој се уште не вратил ниту еден одговор.
Врз основа на законот за здравствена заштита, пациентите имаат право на заштита на приватноста, а врз основа на овој случај, очигледно вработениот си ги прекршил правилата на болницата.