ВИДЕО: Бугарскиот премиер Борисов слуша македонска музика додека се вози со придружба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов објави видео на својот профил на „Фејсбук“ на кое се гледа како слуша македонска песна додека управува со автомобилот, а пред него има полициска придружба. Дури и му објасни на лицето кое беше до него дека тоа е македонска песна направена против коронавирусот.

„Само со сопствени сили, дух и дисциплина ќе го пребродиме коронавирусот. Благодарност до сите бугарски граѓани кои ги почитуваат правилата. Само така ќе се вратиме на нормалниот живот. Благодарност до Александар Митевски и Драган Спасов – Дац. Северна Македонија може да смета на нашата поддршка“, напиша Борисов.

Станува збор за песната на Александар Митевски и Драган Спасов – Дац „Корона Чао“.

Погледнете го видеото: