Патнички авион со 62 патници и пет членови на екипажот се урна во Казахстан, соопшти Министерството за вонредни состојби. Според досегашните информации, падот го преживеале 32 лица, меѓу кои и две деца. Се верува дека загинале 38 лица.
Авионот на Азербејџан ерлајнс летал од Баку, главниот град на Азербејџан, за Грозни, Русија. Се урна во близина на аеродромот Актау во западен Казахстан, каде што беше пренасочен поради магла.
Reports are coming in of an accident at Aktau Airport, Kazakhstan involving an Azerbaijan Airlines Embraer ERJ-190. pic.twitter.com/X42mS3sSsO
— Aviation Safety Network (ASN) (@AviationSafety) December 25, 2024
На социјалните мрежи се појави видео од падот на кое се гледа како авионот се запалил при ударот.
Причината за несреќата останува непозната, но руската агенција за контрола на летање соопшти дека прелиминарните информации укажуваат на тоа дека пилотот решил итно да слета откако авионот удрил во јато птици.