ВИДЕО Драма на небото над Индискиот океан: Патничка се обидела да ја отвори вратата на авион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион со повеќе од 200 патници, кој летал од Бали, Индонезија, до Мелбурн, Австралија, бил принуден да се врати назад откако патничка се обидела насилно да ја отвори вратата додека авионот бил над Индискиот Океан, соопшти нискобуџетната авиокомпанија Џетстар.

„Нашиот авион синоќа се врати во Денпасар (аеродромот во Бали), откако патник предизвика вознемиреност обидувајќи се да ја отвори вратата на авионот, навредувајќи го и попречувајќи го нашиот персонал“, се вели во соопштението на компанијата за инцидентот што се случи во понеделникот вечерта, на 31 март.

Патникот по слетувањето го презеле локалните власти на Бали, додаде Џетстар.

Според видеото кое се појави на социјалните мрежи, жена која седела во задниот дел на авионот успеала да ја подигне рачката на вратата, но потоа бил активиран безбедносен сигнал кој ја алармирал екипажот, по што капетанот дошол на системот за јавно обраќање и ги предупредил патниците. Податоците од порталот за следење летови Flightradar24 покажуваат дека авионот се свртел еден час по полетувањето, додека се уште бил над Индискиот Океан.