ВИДЕО: Голем пожар во Марибор, интервенирале над 200 пожарникари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарникарите успеаја да изгаснат голем пожар кој во саботата вечерта избувна во индустриската зона во Марибор, Словенија, јавува 24ur.

Според досега познатите информации нема повредени, а штетата се проценува на неколку милиони евра.

Се претпоставува дека пожарот се проширил на пластичните материјали складирани во монтажни шатори, а според командирот на противпожарната служба во Марибор се движел со таква брзина што било невозможно да се локализира.

Во гаснењето на пожарот, покрај 200 професионални пожарникари од Марибор, учествувале и 18 доброволни противпожарни единици од Марибор и околината.