ВИДЕО Голем пожар во Париз: Евакуирани станари на повеќе згради, преку 80 пожарникари на покрив

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Париз утринава избувна голем пожар во зграда во близина на железничката станица Сен Лазар, изјавија официјални лица за BFMTV.

Тие изјавија дека пожарот избувнал на последниот кат од зградата.

Пожарникарите соопштија дека го гаснат пожарот на покривот на зградата и дека се ангажирани 80 пожарникари со 20 возила.

Хотелот и околните згради беа евакуирани.

На терен е и полицијата и од итната медицинска помош.