Пратеници на владејачката партија Самоопределување денеска на седницата на Собранието на Косово физички се пресметаа со пратениците на опозициските партии.
Како што јавија приштинските медиуми, инцидентот се случил за време на говорот на премиерот Албин Курти.
Засега не се знае точно што се случило, но во еден момент Курти бил полеан со вода и почнале да се собираат пратеници, по што настанала тепачка.
Претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца нареди да интервенира полицијата.
