Премиерот на Бугарија во заминување, Бојко Борисов, како што објави на социјалните медиуми, по петти пат прави операција на коленото, а од болница кажа и кој е предлогот за идниот премиер.
„Ова е моја петта операција – имам три на левото колено, две – на десното. Благодарение на неразумната игра на моите противници, ова се случи вчера“, рече премиерот Бојко Борисов од болницата каде што беше опериран синоќа.
Тој го претстави составот на кабинетот предложен од коалицијата ГЕРБ-УДФ.
„Го предложив Дани Митов за премиер за да може да се водат разговори со сите. Одлучив дека е мирно, работно опкружување, без иритација … Само мир и тишина. Важно е за државата да има стабилна влада“, рече Борисов.
Инаку, Борисов бил снимен како влегува во болницата Пирогов. Фотографијата ја објави бугарски Труд.
На снимката, Борисов е во спортска облека, ногата на десниот глужд му е завиткана. Покрај него е директорот на болницата Асен Балтов.
Луѓе блиски до Борисов изјавија за Труд дека тој има искинат внатрешен менискус, кој се трие од коската и може да биде потребно да добие вештачки зглоб.
Во Пирогов бугарскиот премиер во оставка бил подложен на магнетна резонанца и моментално е опериран во друга болница. За претходните спортски повреди на Борисов беше оперирани во Софијамед од водечкиот специјалист за таа дејност, Антони Георгиев.
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на Даниел Митов, кандидат за премиер номиниран од ГЕРБ – најголемата парламентарна група во Собранието. ГЕРБ има 75 пратеници, далеку под потребните 121 глас.
Радев вчера имаше консултации со политичките партии и парламентарни групи од 45-то Народно собрание – ГЕРБ, Има таков народ, БСП, ДПС, Демократска Бугарија и Исправи се, мафијата надвор.
На средбите не присуствуваа двајца лидери на политички партии – Бојко Борисов, премиер во оставка и Слави Трифонов од „Има таков народ“ кој е во изолација поради коронавирус. Борисов во моментот е хоспитализиран поради хируршка интервенција на коленото.
