ВИДЕО Избегната трагедија во Јужна Кореја: Авион во пламен, сите 170 патници евакуирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авионот Ербас А321, на Ер Бусан, се запали на меѓународниот аеродром Бусан во Јужна Кореја.

Според извештаите, сите 170 патници и членови на екипажот се безбедно евакуирани преку лизгалки.

Противпожарните служби работат на гасење на пожарот. Засега нема информации за повредени патници.