ВИДЕО: Километарска колона камиони на граничниот премин Богородица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна заштита започнуваат да важат од утре наутро, понеделник во 07 часот, а колоните возила на излез од нашата земја кон Грција уште вечерва почнаа да се зголемуваат.

Вечерва во 19 часот камиони, цистерни, шлепери и други товарни возила поредени во колона на автопатот „Пријателство“ упатени кон Граничниот премин „Богородица“ создадоа редица која завршуваше некаде кај делницата за Мрзенци.

Грчките власти најавија дека мерките се воведуваат за да се избегне дополнително ширење на вирусот од копнените влезни точки во земјата, со што, од понеделник 1 март во 6 часот наутро (по грчко време) до понеделник 15 март во 6 часот наутро, се воведуваат рестрикциите.