ВИДЕО: Косовската полиција објави дека тројца полицајци биле киднапирани од маскирани лица од Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Полицијата на Косово (ПК) објави дека тројца нејзини припадници денеска околу пладне биле киднапирани од маскирани лица од Србија, на еден од патиштата во северно Косово, на меѓудржавната граница, што се користи од српски криминални групи за нелегален премин и шверц од Србија.

Според соопштението на ПК, киднапирањето се случило во месноста Тресава/Баре, каде што тројцата полицајци биле на должност на тамошниот статичен пункт.

Полицајците јавиле во полициската централа дека забележале маскирани и вооружени лица, а кога на местото на настанот пристигнале дополнителни единици на КП, таму било пронајдено службеното возило, но не и полицајците.

– Во правец на локацијата веднаш се упатија другите полициски единици, а се информираа и останатите безбедносни институции, вклучително КФОР, бидејќи има сомневања дека полициските службеници се киднапирани од српските сили. Со цел да се преземат конкретни дејствија за безбедноста на полициските службеници за кои има сомневања дека се киднапирани од српските сили, контактирани се сите домашни и меѓународни механизми за истите што поскоро да се ослободат и да се вратат во Полицијата на Косово, се вели во соопштението.