Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши денеска се на 65-годишнината од пуштањето во употреба на хидро системот Вруток во с.Вруток.
При пристигнувањето Ковачевски и Бектеши започнаа да се поздравуваат со присутните граѓани, но иако на настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, сепак тие не се поздравија со него, јавува репортерот на ТВ21.
Инаку, на настанот присутни беа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани.
