ВИДЕО: Летечки автомобил доби дозвола за летање во Словачка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Летечки автомобил од Словачка доби официјална дозвола за летање како авион, изјави портпаролот на словачкото Министерство за транспорт.

Производот на компанијата Klein Vision во словачкиот град Нитра наречен „AirCar“ е мешавина од автомобил и мал авион.

Првиот лет меѓу аеродромите во два града го имаше во јуни 2021 година.

За половина час тој полета од Нитра до главниот град на Словачка, оддалечен 75 километри, Братислава.

Оттогаш, тој успешно ги заврши сите тестови потребни за да добие официјална дозвола за летот на словачките воздухопловни власти, објави Клајн Вижн.

Хибридниот авион досега имал 200 полетувања и слетувања, како и вкупно 70 часа лет.

Компанијата планира во блиска иднина да понуди директни летови меѓу Париз и Лондон.

„AirCar“, развиен од основачот на компанијата Стефан Клајн, може да се вози по патиштата како обичен автомобил, а откако ќе ги рашири крилата, за помалку од три минути се трансформира во авион.

Клајн и неговите партнери веќе претставија хибриден модел, првично наречен „Airmobile“, на неколку меѓународни саеми за автомобили од 2013 година, предизвикувајќи светска сензација.

Подоцна, Клајн раскина со своите финансиски партнери и основаше своја компанија, која сега сака да излезе на пазарот со летечки автомобил наречен „AirCar“.